Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

В четврток ќе заседаваат градските советници

Охрид, 8. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – В четврток осма седница на Советот на општина Охрид.

На дневен ред се 42 точки, поголемиот дел од урбанистичката сфера, за вклопување на бесправно изградени објекти.

Ќе биде верификуван мандатот на советничката Леона Кичеец граѓанската иницијатива „Охрид пред сѐ“, која доаѓа на местото на досегашниот советник Димитар Велјаноски, кој поднесе оставка од функцијата.

Пред советниците ќе се најде предлог оперативната програма за организирање и функционирање на службата за зимско одржување на патишта и улици на подрачјето на општина Охрид за период март 2022 – март 2023 година, како и предлог одлуките за правилник за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид, правилникот за давање дополнителни услуги од страна на Територијалната противпожарна единица и за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП Градски пазар Охрид.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид со почеток во 09:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука