Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 17 возачи од Охрид и 9 од Струга поради непрописно престигнување

Охрид, 12. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти февруари 2022 година, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници санкционирале 39 возачи кои извршиле престигнување на места каде е тоа забрането (Охрид 17, Струга 9, Кичево 7 и Дебар 6).

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на безбедносната култура кај возачите за целосно придржување до поставената патна сигнализација, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука