Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Се прават анализи за зголемување на пензиите, Ковачевски најавува и финансиска помош за пензионерите

Росоман, 14. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Се прават анализи за зголемување на пензиите, а премиерот Димитар Ковачевски најавува и финансиска помош за пензионерите за полесно справување со енергетската и економската криза.

Тој денеска од Росоман порача дека веќе се работи на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите и која ќе биде презентирана пред сите засегнати страни.
– Веќе работиме на анализи коишто ќе бидат презентирани преку дијалог во кој ќе учествуваат здруженијата на пензионери, заинтересираните страни и институциите на државата. Работиме на методологија која ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите бидејки пензионерите заслужуваат по толку години изминат труд и придонес во развојот на државата, да имаат достоинствени пензионерски денови, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по закројувањето на лозјата во Росоман.

Предлогот на ВРМО-ДПМНЕ го оценува како паушален, затоа што, како што изјави, не се базира на никакви анализи и методологија. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука