Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Нов, трет по ред случај на фатени мигранти од Индија кај Струга

Струга, 14. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти февруари 2022 година, во 02:20 часот во ОВР Струга биле приведени индиските државјани Т.С.(31), А.С.(24) и Р.С.(26).

– Тие извршиле илегален премин на државната граница и по целосно документирање на случајот ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Ова е трет ваков случај за само неколку дена во Струга, откако беа приведени индиски државјани кај селото Радожда на 12-ти и на магистралниот пат А2 Подгорка еден ден подоцна, на 13-ти февруари 2022 година. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука