Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Нов случај на фатени мигранти од Индија кај Струга, приведени две лица на патот А2 Подгорка

Струга, 12. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти февруари 2022 година, околу 00:10 часот на магистрален пат А2 Подгорка, полициски службеници од Полициската станица Струга ги привеле Н.У.(30) и С.Г.(23), двајцата од Индија, поради илегално преминување на државната граница и нелегален престој во државата.

– Лицата ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Во Билтенот на МВР е регистриран уште еден ваков случај, кој се случи ден претходно, на 11-ти февруари 2022 година, кога околу 22:00 часот кај селото Радожда од полициски службеници од Полициска станица Франгово приведени се Р.С.(26), С.А.(29) и Д.Т.(36), сите од Индија, поради илегално преминување на границата и нелегален престој во државата. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука