Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков и дел од советниците во посета на „Костал“

Охрид, 14. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – На покана на компанијата „Костал“, градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков и дел од советниците од Советот на Општина Охрид беа во посета на компанијата.

– Генералниот директор на компанијата, Виктор Мизо, ги запозна присутните со историјата на компанијата, финансиското работење и со производите што се произведуваат во компанијата во Охрид. После презентацијата се изврши обиколка низ производствените линии каде градоначалникот и советници одблиску се запознаа со начинот и динамиката на производствените капацитети на компанијата, информираат од охридската локална самоуправа.

Додаваат дека на крајот од средбата заедно било заклучено дека е важна меѓусебната соработка и поддршка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука