Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Докторите Филипче, Милошевски и Миќуновиќ, со новиот хируршки микроскоп извршија сложена операција на тумор на мозок во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид (Фото)

Охрид, 14. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на специјалниот неврохируршки микроскоп, стручните екипи на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид ќе спроведуваат сложени оперативни зафати од областа на неврохирургијата.

Со новата опрема обезбедена за болницата, пациентите нема да треба да патуваат во Скопје за оперативни зафати.

May be an image of 1 person and standing

Како што објави на својот Facebook профил поранешниот министер за здравство д-р Венко Филипче, благодарение на современата апаратура денеска во болницата е извршена операција на тумор на мозок.

May be an image of 1 person

– Денеска со моите колеги д-р Милошевски и д-р Миќуновиќ, со хируршкиот микроскоп извршивме операција на тумор на мозок. Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле. На моите колеги им посакувам успех во понатамошната работа, а на пациентот кој денеска го опериравме што побрзо опоравување, објави Филипче.

May be an image of 1 person

Неодамна првпат во болницата беше извршена една од најважните и најтешките ортопедски хируршки интервенции, имплантација на протеза на рамо, со што се прошири спектарот на интервенции. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФБ Венко Филипче

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука