ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжуваат активностите за санација на булеварот „Македонски просветители“ (Фото)

Охрид, 21. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве продолжуваат активностите за санација на булеварот „Македонски просветители“ во центарот на Охрид.

Подобрувањето на временските прилики деновиве резултираше со интензивирање на работите, а денеска веќе започнаа да се наѕираат контурите на потегот од Градскиот кеј до Поштата. Улицата „Димитар Влахов“, во центарот на Охрид, од неодамна се користи за двосмерно движење на возилата.

Ова е само продолжување на активностите за комплетна санација на булеварот „Македонски просветители“ која официјално започна на 21-ви ноември 2021 година.

No description available.

Паралелно се работи на потегот од крстосницата со улицата „Димитар Влахов“ до крстосницата со „Партизанска“ (позади ТЦ „Амам“).

– Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон ново воспоставениот времен режим на сообраќај и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, апелираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука