Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 9. степени
Охрид, 22. февруaри 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 9. степени.
– Под влијание на циклонска активност и на влажен и студен воздушен бран, денес ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м2 воден талог. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува над 60км/ч, а температурата ќе се намали за 6 до 8 степени. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |