ЕКОЛОГИЈА Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈП „Охридски Комуналец“ спроведе акција за подигање на несоодветно депониран отпад

Охрид, 22. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Чиста и уредена околина, животна средина во која секојдневно рaботиме и живееме, се заложбите на ЈП „Охридски Kомуналец“ кои ги има зацртано во своите активности, потенцираат од ова охридско јавно претпријатие.

– Но тоа сами не можеме да го постигнеме без заедничка соработка со секој граѓанин и правен субјект во борбата за повисока еколошка свест. Реализирана е широко-опфатна акција за подигање на несоодветно депониран градежен шут, зелен отпад, кабаст отпад и друг вид габаритен отпад на различни локации во градот и околината: населба Даљан, ул.„Гоце Делчев”, „ Ариф Мустафа”, „7-ми Ноември”, „Егејска”, „Богомилска”, „Питу Гули”, „Булевар Туристичка”, „Кеј Македонија”, „Галичица”, „АСНОМ” и „Јордан Мијалков”, информираат од ЈП „Охридски Kомуналец“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука