ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Езерото полека се враќа во нормала, сепак далеку под просекот за февруари (Фото)

Охрид, 21. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот во Охридското Езеро полека се враќа во нормала, но сепак и понатаму е далеку под просекот за месец февруари.

Денеска можеше да се забележи дека скоро и да го снема сувиот дел на почетокот на мостот пред поранешниот хотел „Палас“.

No description available.

No description available.

Според официјалните податоци и денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото денес е на кота од 693,37 м.н.в, што е за 12 сантриметри под просекот за февруари (693,49 м.н.в), односно 27 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е 8,5 степени, односно за 2 степени повисока од просекот.

May be an image of ‎text that says '‎министерствоза землоделство, шумарствои водостопанство -управа за хидрометеоролошки работи- (споредба дневна хидролошка информацила3 реките природните езера претходниот ден очекувана енденција наредниот ден) водостои 21.02.2022 cm станица- легуновце- вардар скопле вардар 20.02.22 21.02.22 85 февруари 86 94 39 пчина 38 = 41 59 90 берово- брегалница брегалница сушево струмица нд нд 87 ложани ے 107 81 120 149 табела водостои прикажани 55 MHM наколец 146.97 130 30 нд преспа 07:30 часот 146.97 охрид ез.охрид табела 693.3 144.08 693.37 вода =1 во охрид 3.преспа охрид 693.49 8.0 (.Η). 4.5 8.5 преспанско езеро изработил: нд нд 6.5 апсолутен минимум одобрил:в меренена в.д директор,‎'‎

извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука