Забава Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска е Twosday: 22 02 2022

Охрид, 22. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот ден е редок палиндром, односно збор, фраза или број, кој може да биде прочитан и напишан на истиот начин во двете насоки (од лево кон десно, и обратно).

Во далечната 2011. година имавме два вакви датуми – 11.1.11. и 11.11.11. За 11 години ќе имаме палиндром со тројки (3.3.33) и четворки 11 години подоцна (4.4.44). Двојки повторно ќе имаме на 22.2.2222 година.

Иако палиндромите не претставуваат ништо повеќе од литературна тривијалност, тие се мошне забавни и со сигурност ќе ја заскокоткаат вашата имагинација.

Палиндроми можете да најдете дури и во музиката. Симфонијата 47 во G-дур, на Јозеф Хајдн (Joseph Haydn) често се нарекува „Палиндром” („The Palindrome”), бидејќи третото движење, менуетот и триото креираат музички палиндром. Делото се свири нанапред два пати, потоа два пати наназад, пристигнувајќи онаму каде и започнува. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука