ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Припадници на групата „Лев Тахор“ во охридско Горно Лакочереј, дел од жителите на протести

Охрид, 22. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Веста дека припадници на еврејската група „Лев Тахор“ се донесени во хотел во охридското село Горно Лакочереј, изминативе 24 часа е една од најкоментираните на Facebook профилот на OhridPress.

Дел од жителите на ова охридско село велат оваа група треба да си замине. Тие организираа и простести, затоа што „во селото ја донесле сектата што ја бркаат од целиот свет“.

– Нив не ги примаат ни во Америка ни Израел, а овде ги донесоја со обезбедување. Се собираме и одиме да бараме да ги дислоцираат. Ова е за нив изворче на нафта од кое што ќе прават пари во хотелот, а ние цело село ќе се плашиме и ќе сме вознемирени од нивното присуство. Ова нема да го оставиме вака, изјави за порталот Охрид 1 Илче Настоски, жител на Горно Лакочереј.

Во бројните коментари под објавата, охриѓани со бројни и спротивни реакции. Дел повикуваат на смирување на состојбата, затоа што се работи за мал број на луѓе кои се тука привремено, додека останатите потсетуваат на објавените вести дека членови на групата се обвинети за киднапирање деца, што го посочуваат како главен аргумент дека групата треба да замине. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука