Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за охриѓанка поради говор на омраза кон еврејската секта Лев тахор, повикувала да се запали хотелот

Охрид, 22. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од СВР Охрид денес извршиле службен разговор со 38-годишната В.С. од охридско, која во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа Facebook поставила содржина со која извршила кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г од КЗ.

– При разговорот В.С. изјавила дека таа во текот на вчерашниот ден ја поставила содржината, а денеска самата ја избришала. По целосно документирање на случајот до ОЈО Охрид ќе биде поднесена кривична пријава по член 394-г од КЗ, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука