Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во јуни 2022 година во Охрид ќе се одржи вториот Преспа форум за дијалог

Скопје/Охрид, 22. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија на денешната 16-та седница го задолжи Министерството за надворешни работи (МНР) да ги спроведе сите активности за организирање на втората меѓународна конференција Преспа форум за дијалог во текот на 2022 година.

На денешната седница е разгледан и прифатен Извештајот за првата меѓународна конференција во рамки на проектот Преспа форум за дијалог.

– Вториот Преспа форум за дијалог начелно се планира да биде одржан, во форма на меѓународна конференција, во Охрид, во јуни 2022 година со учество на највисоките политички претставници на државата, на претседатели на држави или влади, политичари и дипломати од висок ранг од државите од регионот и од други европски и воневропски држави, како и на претставници на меѓународни и регионални организации – ООН, ЕУ, НАТО, Советот на Европа, ОБСЕ, Советот за регионална соработка, ЦЕИ и други, информираат од Владата на РМ.

На предвидените панели предвидено е присуство и на видни личности од академската, бизнис и медиумската заедница, граѓанскиот сектор и младинските организации. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука