Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Дамјан Пејчиноски со одлична авторска песна „Love tales“ (Видео)

Охрид, 22. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиноски денеска го објави видеото за неговата одлична авторска песна „Love tales“.

– Со огромно задоволство Ви ја претставувам мојата композиција „Love tales“, напиша Дамјан на својот профил на Facebook .

„Love tales“ е комплетно дело на Пејчиноски, додека аудио миксот и мастерингот се на Дејан Момироски.

Дамјан Печиновски важи за еден од најдобрите гитаристи на домашната сцена. Неговото богато музичко искуство напишано со многу странски настапи е верен доказ дека Македонија има сериозни музички таленти кои што можат да се носат рамо до рамо со светските големи имиња. На сцената секогаш плени со својата самодоверба, зрелост и неверојатен слух и техника за гитара.

Со гитарата другарува од својата шеста година, но вистинскиот интерес се пројавил во тинејџерските денови. Има членувано во составите „Ворнинг“, „Абракадабра“ и „Џамп старт“. Во 2002 година на реномираниот фестивал „Рок-фест“ беше прогласен за најдобар гитарист, а наградата – гитара „Јамаха“ лично му ja додели маестро Влатко Стефановски. Во декември 2016 година, Пејчиноски ја доби титулата Доцент на Музичката Академија во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: FB Damjan Pejcinoski

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука