Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Османи: Во Харков има македонско семејство со бебе старо 5 дена

Скопје, 1. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција брифираше за ситуацијата на нашите граѓани извлечени од Украина и тие што се уште се таму.

-Има едно семејство со 5 дневно бебе во Харков каде што се одвиваат најголемите воени дејствија во моментот и ние со нив сме во постојана комуникација. Тие не можеле да одговараат на нашиот повик за да ја напуштат Украина затоа што чекале термин за породување кој што бил на неколку дена пред руската инвазија. Воспоставивме комуникација со повеќе министри за тие кои имаат пристап до тој град, кој се наоѓа до границата со Русија, очекуваме денеска ако успееме да го извлечеме тоа семејство, рече Османи. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука