Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

АМСМ: Забрана за тешки моторни возила на патот Маврово – Дебар

Скопје, 1. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар поради интензивни врнежи од снег, информираат од АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. Врнежи од снег има во јужниот и југозападниот дел на Републиката,Маврово и Смојмирово. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука