ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Работите на реконструкција на Градскиот кеј на „пауза“, се чека одлуката на УНЕСКО, граѓаните предлагаат да се тргне лимената ограда кај „Мазија“

Охрид, 1. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Реконструкцијата на градскиот кеј во Охрид уште не започната е на пауза.

Иако беше најавена „офанзива“ за минатата пролет, до тоа сепак не дојде. Веќе подолго време ја нема и таблата на која беше наведен проектот и изведувачот на работите.

Минатата локална власт информираше дека за овој проект Општина Охрид има правосилно одобрение за реконструкција со сите соодветни постапки, а за реализација на проектот за реконструкција на кејот, општина Охрид доби 38 милиони денари од Владата.

Во последниот нацрт-извештај УНЕСКО ја оспори реконструкција, по што дојде до измени во проектот. Од одлуката на УНЕСКО ќе зависи и реконструкцијата.

Читатели на OhridPress во повеќе наврати ни испраќаат слики од лимената ограда која е поставена на дел од кејот, кај „Мазија“, што е таму од почетокот на минатата година и сведочи за реконструкцијата во најава. Оттогаш извадени се само десетина бекатон плочки со што е скратен делот каде треба да поминуваат пешачите.

Бараат од надлежните да се дислоцира лимената ограда, додека не се почне со работа, бидејќи само го попречува нормалното движење на пешаците во овој фреквентен дел од градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука