Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските атлетичари со забележителни резултати на Националниот фрлачки куп во Скопје

Скопје, 1. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Атлетскиот клуб „Охрид“со чевторица атлетичари учествуваше на Националниот фрлачки куп на Македонија и постигна забележителни резултати.

Првопласиран во дисциплината фрлање диск, во категоријата сениори 2 кг. беше Стефан Стефаноски со резултат од 45,90 метри, а Блажо Љушев беше четврти со 20,23 метри. И двајцата учествуваа и во фрлање ѓуле, сениори 7,26 кг, каде Стефаноски беше третопласиран со резултат од 9,79, а Љушев на петтото место со резултат 8,87 метри.

Искра Маџоска, во дисциплината фрлање ѓуле во категоријата младинци 4кг, го освои второто место со резулатат од 6,0 метри.

Во дисциплината фрлање копје, сениори 800 гр. Стефаноски беше петти, Љушев шести, а Миле Јовановски заврши на седмата позиција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука