Утре крводарителска акција во Службата за трансфузиона медицина
Охрид, 1. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Дарувај крв, спаси живот, биди нечиј херој“, утре ќе се одржи крводарителска акција во Службата за трансфузиона медицина во Општата болница, во соработка со СОСУ “Св.Кирил и Методиј” – Охрид .
Акцијата ќе се реализира во периодот од 09:00 до 12:00 часот.
– Почитувани средношколци, Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме хуманоста на дело, да даруваме крв за оние на кои им е најпотребна, велат од охридскиот Црвен крст. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |