Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна со работа Нега центар во Охрид за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот

Охрид, 1. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со добивање на лиценца за провајдер на социјални услуги, во рамките на Црвен крст Охрид официјално започна со работа Нега Центар, што ќе нуди помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот.

Професионални и сертифицирани негуватели ќе нудат домашна помош и домашна нега, пред сè за постарите граѓани, но и за сите граѓани кои имаат потреба од ваков вид поддршка.

– Нега центарот нуди можност на нашите постари граѓани да живеат независно онаму каде што се чувствуваат најудобно – во своите домови. Ова е единствен провајдер на услуги за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот на територија на општина Охрид, информираат од Црвен крст Охрид.

Основната цел на Нега центар – Охрид е да го подобри и одржува здравјето на корисникот во неговото семејно опкружување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука