Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Одличните „Чиста околина“ го објавија видео спотот за „Врие Македонец“ (Видео)

Скопје, 1. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Македонец врие ко во лонец, вокал кал не го чисти ни тонец…

Ова се дел од стиховите на најновата песна „Врие Македонец“ на македонските хип хоп пионери „Чиста околина“ кои го објавија спотот за оваа песна со која во ноември го најавија новиот албум.

Од групата информираат дека спотот е сниман на 15 локации. Како посебни гости се Кацар и Вена, додека видеозаписот е дело на Иван Солунчев.

Продуцент на „Врие Македонец“, но и задолжен за микс и гитара е  Драги Иванов.

текст:

Македонец врие ко во лонец, вокал кал не го чисти ни тонец. Нема друг начин на mic гордо стојам, на така диво месо готвам ова не е соја. Стара школа, Нова школа, маса два стола, не се заборава ова flow вон контрола. А у фазон си, ти за микрофон си, сите пеат playback па џабе прават тонски. Уникатен old school ко петокрака, Околината е чиста во овој валкан Балкан. Интелектот е стерилизиран, културата ни кризира. Се надевам пари тон ви купија здравје, како баритон е длабок рапот што го прајме. Глуп лик полесен начин бира, копија ни свират нема кој да реагира. Ecce homo! И гледам доле сега беда! Македонец врие ко во лонец. И те газат, дал си невин како цвет, ил’ си само грев, тој вселенски измет. Вртев рика бара ибермакедонише, ти раѓаш стока те прави таа понижен. Меѓу сељак и умислен снобизам, испрдок Комалес Киденко лигав тропизам. Имам човек ил’ опинок, и никогаш не створи ти поим за татковина. И што чекаш? Бираш, смирен? И без тиран ти сé уште си окупиран. Ај збери ги очајот и јадот и врати се на теророт што ти беше сé во адот. Гневот е дар не си лигле бе, секој ден со ЕУ ти е, празник, Ден на Хитлер. Еј! Не си само декор на светов, дај излези од себе и дај им пекол! Ecce homo! И гледам доле сега беда! Mакедонец врие ко во лонец. А јас чекам, копукот гледа. Ало! Човек тука никој не те чека. А јас чекам, копуците седат, во болница аптека редица говеда. Се собрале од сношти, нè чекаа ко гости. А бе луѓе прости во фотеља не се пости. Бате кој си, флаша виски носиш ако немаш човек џабе тука стоиш. Малку матно од сношти, дечко прости. Политичари певаљки грозни, широки ноздри. На работа се доцни про форми, здрави луѓе бољи навлечени на мобинг. Рецепти за дроги, за робата се точни, нема добар џандар има лошо лоби. Студени ноќи нивни дилер носи, ако немаш човек нема добри вожњи. Ecce homo! И гледам доле сега беда! Имам човек, Mакедонец врие ко во лонец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Чиста околина

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука