Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар на трска во Охридското Езеро кај струшкото село Калишта

Струга, 15. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти март 2022 година, околу 14:00 часот во ОВР Струга пријавен е пожар на трска покрај брегот на Охридското Езеро, во атарот на струшкото село Калишта, во кој нема повредени лица.

– Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Истиот ден, пријавено е дека на 13-ти март 2022 година, околу 19:00 часот настанал пожар во месноста „Краста“ во атарот на струшкото село Делогожда. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука