COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

312 нови случаи на Covid-19, 11 новозаболени лица од Охрид

Скопје, 15. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.605 тестирања, при што се регистрирани 312 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 181
• Прилеп 17
• Битола и Кавадарци по 13
• Куманово 12
• Охрид 11
• Велес и Гостивар по 8
• Струмица 7
• Гевгелија 6
• Ресен 5
• Штип 4
• Тетово, Кичево, Берово и Кратово по 3
• Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка, Валандово и Виница по 2
• Неготино, Дебар и Крушево по 1

Од вкупниот број на позитивни (312), регистрирана е 51 реинфекција. Од вкупно регистрираните починати лица (5), кај 4 лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Радовиш (77 години), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (3) и Крива Паланка (1). Починатите се пријавени во период од 19.02. до 09.03.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 66 до 88 години. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и две во домашни услови.

Регистрирани сe 290 оздравени пациенти од:

• Скопје 146
• Прилеп 29
• Куманово 18
• Битола и Велес по 13
• Кавадарци 12
• Ресен 10
• Кичево 8
• Гостивар и Тетово по 6
• Струмица 5
• Берово, Крива Паланка и Виница по 3
• Штип, Кочани, Крушево и Македонски Брод по 2
• Гевгелија, Кратово, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Богданци и Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.925.963 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.895, бројот на оздравени пациенти е 290.907, на починати е 9.155, а бројот на активни случаи изнесува 1.833. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука