Избор

Приведен маж од охридско, одземени ловен карабин и муниција

Охрид, 19. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти март 2022 година, во 16:05 часот во охридското село Ливоишта, од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Охрид е лишен од слобода 29-годишниот Х.Д. од Ливоишта.

– Лицето е лишено од слобода поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по чл. 396 од Кривичниот законик затоа што кај него се пронајдени и одземени еден ловен карабин „Заводи Црвена Застава“ кал. 8×57 мм и 56 куршуми различен калибар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука