Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Избегната трагедија во Струга, непознат сторител се обидел да ги оштети цевките за гас во болницата за нефрологија

Струга, 19. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти март 2022 година, во 10:05 часот, 61-годишниот Д.Д. од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ„Специјализирана болница за нефрологија“ Струга, пријавил во СВР Охрид дека биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала.

– Инцидентот се случил во временскиот период од 17:00 часот до моментот на пријавување, кога непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка. Потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои произведувале медицински гас до операционата сала во зградата и потоа го напуштил местото на настанот. Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: Независен весник

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука