Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и студено време со локална облачност и температура до 6. степени

Охрид, 20. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и студено време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, a наместа засилен ветер претежно од североисточен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 6. степени.

– До вторник ќе се задржи сончево и студено време со мала до умерена облачност и умерен до засилен североисточен ветер. Во вторник на места ќе има зголемена облачност и услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Од средината на седмицата ќе има позначителен пораст на температурата, особено на дневната, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука