COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

273 нови случаи на Covid-19, 11 новозаболени, едно починато и 8 оздравени лица од Охрид

Скопје, 19. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.799 тестирања, при што се регистрирани 273 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 161
• Битола 21
• Прилеп 16
• Кавадарци 12
• Охрид 11
• Куманово 10
• Струмица 6
• Тетово и Гостивар по 5
• Кичево 4
• Велес, Штип и Струга по 3
• Кочани, Радовиш и Богданци по 2
• Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Виница, Крушево и Демир Капија по 1

Од вкупниот број на позитивни (273), регистрирани се 45 реинфекциии. Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (68 и 43 години) и по едно починато лице од Битола (79 години), Куманово (81 години) и Охрид (73 години). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Струмица (1) и Тетово (1), на возраст од 60 до 78 години. Пријавените лица се починати во период од 18.02. до 05.03.2022 година. Од починатите лица две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.

Регистрирани сe 233 оздравени пациенти од:

• Скопје 139
• Битола 15
• Велес 11
• Куманово 10
• Прилеп 9
• Охрид 8
• Кавадарци, Гостивар и Гевгелија по 5
• Кичево 4
• Тетово, Струга и Виница по 3
• Струмица, Штип, Кратово и Демир Хисар по 2
• Кочани, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Дебар по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.933.837 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.140, бројот на оздравени пациенти е 291.952, на починати е 9.172, а бројот на активни случаи изнесува 2.016. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука