Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Ноќеска пожар во куќа во Охрид, охридските пожарникари обвинуваат дека биле попречувани да ја вршат должноста

Охрид, 20. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти март 2022 година, во 02:35 часот, во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Охрид примена е дојава за опожарен станбен објект (куќа).

– Екипите веднаш излегоа на терен со 4 возила, при што е затекнато големо опожарување на објектот. Веднаш е пристапено со гаснење на објектот и спречено е проширување на соседната куќа, која е прилепена до опожарениот објект. Пожарникарите гаснеа во отежнати околности, со голема количина на муниција и попреченост во извршување на должноста од страна на сопственикот. Храброста и пожртвуваноста на Охридските пожарникари е очигледна. За среќа нема повредени лица, објавија на официјалната Facebook страна од ТППЕ.

May be an image of outdoors

Охридските пожарникари апелираат до СВР Охрид да ги санкционираат сите чинители кои вршат попречување во извршувањето на нивните должности на терен. (Крај)

извор: ТППЕ Охрид – Пожарна фото: ТППЕ Охрид – Пожарна

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука