Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Акциска контрола во угостителски објекти во Охрид и Кичево, констатирани неправилности

Охрид/Кичево, 20. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатата вечер, 19-ти и 20-ти март 2022 година, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција од ОВР Гостивар и СВР Битола во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти во Охрид и Кичево.

– Притоа, во селото Зајас приведени се две лица поради непоседување документи за лична идентификација и една странска државјанка од Република Србија за утврдување на дозвола за престој. Во четири угостителски објекти констатирани се неправилности поради неиздавање на фискални сметки, а утврдено е и непочитување на законот за забрана за пушење во затворени простории, информираат од МВР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука