Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските Таеквондисти од „Хваранг Фист“ успешни на турнирот во Зрењанин

Охрид, 21. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Зрењанин, Република Србија се одржа 11-то издание на турнирот „Зрењанин Опен“, во организација на Српската Таеквондо Федерација и Таеквондо клубот Зрењанин.

Учествуваа преку 800 натпреварувачи од 9 земји во сите тежински категории, меѓу кои и 6 претставници од Таеквондо клубот Хваранг Фист од Охрид.

Резултати:

– Петар Петкоски, 2 место борби пионери до 27 кг
– Филип Јосифоски, борби сениори 3 место до 68 кг
– Ѓорѓи Петкоски, 3 место борби кадети до 33 кг
– Сара Ническа, 3 место борби кадетки до 37 кг
– Јовческа Јована, 3 место борби кадетки до 55 кг и Стефан Јосифоски како судија

– Ова е повеќе од успешен настап на нашите членови, имајќи ја предвид долгата пауза помеѓу натпреварите и ситуацијата со корона кризата. Следува напорна сезона во која ќе пробаме да учествуваме и на големите Г1 турнири на кои се освојуваат и бодови за учество на олимписките игри во Париз. Да напомениме дека петмината наши членови се корисници на стипендии од Општина Охрид, за што сме благодарни и докажуваме дека достојно и успешно ќе го претставуваме нашиот град, информира тренерот Ацо Јосифоски (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука