COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

64 нови случаи на Covid-19, во Охрид нема новозаболени, регистрирани се 8 оздравени лица

Скопје, 21. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 965 тестирања, при што се регистрирани 64 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 50
• Прилеп и Кавадарци по 5
• Битола, Тетово, Крива Паланка и Виница по 1

Од вкупниот број на позитивни (64), регистрирани се 12 реинфекциии. Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (63 години) и Струмица (77 години), починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 2 починати лица, од Скопје (73 години) и Гевгелија (63 години). Пријавените лица се починати во период од 05.03. до 12.03.2022 година. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и едно во домашни услови.

Регистрирани сe 296 оздравени пациенти од:

• Скопје 173
• Прилеп 17
• Кавадарци 14
• Куманово 13
• Струмица 11
• Битола 10
• Велес, Гостивар и Охрид по 8
• Кочани и Дебар по 4
• Кичево, Ресен и Кратово по 3
• Крива Паланка, Штип, Струга, Гевгелија, Берово и Валандово по 2
• Тетово, Радовиш, Богданци, Демир Капија и Пехчево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.938.935 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.418, бројот на оздравени пациенти е 292.344, на починати е 9.184, а бројот на активни случаи изнесува 1.890. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука