ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Струга ТОП ВЕСТИ

Не престануваат злоупотребите: Повторно запалена трска во Струга (Видео)

Струга, 21. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Струшката јавност повторно со силни реакции на социјалните мрежи откако денеска беше објавено видео на кое се гледа како гори поголема површина со трска.

– Знам дека нема кој да го штити заедничкото добро, како што знам кој штити нечии лични интереси. Институциите задолжени да реагираат по службена должност, а не го прават тоа, се само маша во рацете на силеџиите и криминалците. Нека изгори сѐ! – напиша на неговиот профил на Facebook стружанецот Никола Кукунеш, кој го објави видеото.

Ова е само продолжување на ваквите немили настани во Струга. Стружани со право коментираат дека одговорните не реагираат воопшто или само ги осудуваат ваквите случаи, за кои граѓаните велат дека најчесто станува збор за намерно подметнување на пожари за да се направи простор за натамошна узурпација на крајбрежниот појас. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива видео: Никола Кукунеш

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука