ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Апел: Исчезнат е 57-годишниот Ќосески Владо, последен пат е виден вчера на Градскиот кеј

Охрид, 22. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – На сицијалните мрежи е објавен апел за помош за пронаоѓање на 57-годишниот Ќосески Владо, кој последен пат бил виден вчера, 21-ви март во 13:00 часот.

Излезен бил на пешачење, облечен во темно сина јакна, темно сиви фармерки, плави патики, носел плетено капче. Виден е на Градскиот кеј, во близина на хотел „Тино“.

Се замолуваат сите граѓани, доколку го виделе или имаат информации кои можат да помогнат за негово пронаоѓање, веднаш да се јават на телефонскиот број 075/424-255. (Крај)

извор: Facebook TvM фото: Facebook TvM

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука