Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Во сабота ГРК Охрид на домашен терен против Бутел од Скопје

Охрид, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота, 26-ти март 2022 година, со почеток во 18:00 часот, ракометарите на ГРК Охрид на домашен терен ја пречекуваат екипата на Бутел од Скопје.

Првиот натпревар на домашен терен во рамките на 2. коло и Плеј-офот од Супер лигата, нашите најдобри ракометари ќе го играат во Спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 18:00 часот.

Билетите ќе се продаваат по цена од 50 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука