ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид одбележан Светскиот ден на метеорологијата, промовирана скулптурата „Весна“ со соодветна симболика

Охрид, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со откривање на склулптурата „Весна“ изработена од 1891 шишарка и соодветна симболика, во Главната метеоролошка станица во Охрид се одбележа Светскиот ден на метеорологијата, годинава посветен на важноста од навремени предупредувања за евентуални временски непогоди.

Меѓу 1970 и 2019 година во светот имало повеќе од 11.000 непогоди поврзани со времето, климата и водите со нешто повеќе од 2 милиони смртни случаи и материјални загуби во износ од 3,6 трилиони долари.

И нашата држава не е поштедена од последиците од екстремните времеснки услови, се сеќаваме на врнежите и полавите во скопската котлина во 2016 година кога покрај материјални штети беа загубени и повеќе од 20-на човечки животи. Токму поради тоа Светската метеоролошка организација оваа година денот на метеорологијата го посвети на важноста од навремени предупредувања, истакна првиот човек на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Ивица Тодоровски.

https://youtu.be/1_0ojpiccqw

– Во последните години сé почесто сме изложени на интезивни и долготрајни топлотни бранови во летниот перод од годината кога и максималните и минималните температури достигнуваат рекорди, особено во урбаните средини. Од дуга страна недостатокот на врнежи иницира сушни услови и предизвикува огромна штета не само земјоделскиот, туку и на енергетскиот сектор. Успешноста на прогнозите и предупредувањата зависи од прецизноста и континуитетот на метеоролошките мерења во мрежата на метео станици, но се повеќе и од современите далечински сталитски и радарски системи. Токму затоа УХМР во 2018 година изврши надградба и осовременување на постоечките радарски системи. Со метео алармот на едноставен начин известуваме за можни екстремни временски непогоди, во летниот период ги вклучуваме жолта, портокалова и црвена фаза во случај на топлотни бранови, а министерстото за здравство презема мерки и препораки за граѓаните, потетцира Тодоровски.

Нема достапен опис

УХМР учествува во проект за целосна операционализација на националниот систем за рано предупредување од природни катастрофи. Интензивно се работи и на прашањето за климатските промени,што се реалност, па Управата досега има изработено климатски сценарија за нашата држава што може да дадат корисни информации за разни секори.

– Уште во раните 70-ти години на Светската конференција за клима беа објавени првите согледувања за воочените промени во климатскиот систем, па оттагаш недвосмислено се докажа дека климатските промени се реалност и резултат на човековите активности. Како регион што често е погоден од олујно невреме проследено со појава на град, УХМР не само што обезбедува навремени предупредувања туку учествува и во екперименталната програма за заштита од град, додаде Тодоровски.

На свеченоста беше откриена и скулптурата „Весна“, дело на Даниела Илијоска, раководтел на Главната метеоролошка станица во Охрид. Ја симболизира старословенската божица на пролетта, а направена е од 1891 шишарка, ова е годината од кога почнало мерењето на температурата на воздухот во Македонија.

Нема достапен опис

– Скулптурата „Весна” ја работев шест месеци. Изработена е од 1.891 шишарка што ја симболизира годината кога во Македонија е почнато првото мерење на температурата. Ја нареков Весна бидејќи таа е старословенска божица на пролетта и убавината и имала на власт да ја чува сончевата светлина и да ја обнови природата. Нејзиниот црвен фустан ги означува облаците што се јавуваат на изгресонце и зајдисонце, што укажуваат на ветер, колку се поцрвени облаците, ветерот е посилен. Одбрав да ја направам со шишарки, бидејќи тие се прилагодуваат на секаква температура, на топло се отвораат, а на ладно се затвораат и нон стоп се живи. Косата е руса бидејќи инструментот за мерење влага содржи женско русо влакно, бидејќи тие најмногу ја осеќаат промената на влагата и на времето, појасни Илијоска. Чадорот е заштита во секакви можни услови, сонце или дожд, доказ за опстанокот на човекот после сите неприлики што се случени со времето, жена е бидејќи метеорологија е збор од жеснкио род и повеќето циклони имаат женски имиња, рече Илијоска.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Покрај тоа беа доделени признаија на вработени во УХМР кои навршуваат 10,20, 30 и 40 годни работен стаж во установата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука