Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Од ТППЕ Охрид апелираат: Граѓаните да се однесуваат одговорно и да не вршат потпалувања

Охрид, 23. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Поради зголемениот број на интервенции на отворен простор во овој период од годината, споредбено со изминатите години, од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид упатуваат апел до сите граѓани на Општините Охрид и Дебрца, да се однесуваат совесно и одговорно, да не вршат потпалувања и да бидат внимателни при движење на отворен простор.

Апелот доаѓа по зголемениот број на пожари деновиве во регионот.

Денес во 16:00 часот примена е дојава за пожар на отворен простор кој влегува во територијата на Националниот парк „Галичица“, а во само неколку дена регистрирани се и пожари во селата Подмоље и Волино, како и два случаи на запалена трска во соседна Струга. (Крај)

извор ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука