Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Македонската фудбалска репрезентација вечерва против Италија во полуфиналето од баражот за СП

Палермо, 24. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Сицилија ќе играат во полуфиналето од плејофот со репрезентацијата на Италија. Ова е прв пат во историјата, македонскиот национален тим да учествува во бараж за Светско фудбалско првенство.

Натпреварот ќе се игра во Палермо со почеток во 20 часот и 45 минути. На трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ најавено е присуство на околу две илјади навивачи на нашата репрезентација.

Победникот од овој меч во финалето ќе игра со победникот од пресметката Португалија – Турција.

Покрај овие две средби вечер уште играат Шведска – Шкотска и Велс – Австрија.

Средбата Шкотска – Украина е одложена, додека Полска службено го доби натпреварот против Русија. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука