Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна поставувањето на гранитните коцки на улицата „Македонски просветители“

Охрид, 24. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Вчера започна поставувањето на гранитни камени коцки со димензии 10/10/10 см, на улицата „Македонски просветители“ чија реконструкција е во тек.

– Гранитни камени коцки ќе бидат поставени и на тротоарите со димензии 5/5/8 см. Веќе е поставена атмосферска канализација, а според планираното, улицата ќе има две одвоени коловозни ленти, со тротоари од двете страни, велосипедска патека и ново улично осветлување, информираат од Општина Охрид.

Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед од двете страни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука