ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Повторно забележан пад на нивото на Охридското Езеро

Охрид, 24. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Повторно се бележи минимално намалување на водостојот на Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,41 м.н.в, што е за 8 сантриметри под просекот за март (693,49 м.н.в), односно 31 сантиметар над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 7 степени и е за половина степен повисока во однос на месечниот просек.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, шумарство водостопанство управа хидрометеоролошки работи- (споредба табела дневна хидролошка информацила за зарекитеи природните претходниот ден очекувана генденција 24. водостои река 2022 во 24.03.22 вардар вардар 50 50 146 103 105 99 пчина 80 79 15 брегалница 70 114 37 -струмица струмица река 87 65 ложани- = 135 87 138 табела + водостои BO MHM змер 105 127 49 нд .преспа MHM часот 147.06 = табела 693.4 144.22 емператури вода наколец охрид 843.98 4.5 измерени 07:30 8.4 5.0 693.49 нд езеро XC изработил: 6.5 cM над псолутен минимум в.д. директор, ивица годоровски“

Во последниве шест дена езерското ниво се намалило за два сантиметри.

Во Охрид денес сончево и топло време со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 16. степени.

– Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време, а во недела во текот на ноќта кон понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука