ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожарите станаа секојдневие во Струга, нов пожар, овој пат во близина на „Макпетрол“ (Видео)

Струга, 24. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Скоро и да не поминува ден, а да нема информации за пожари и запалени поголеми површини со трска во Струга.

Само еден ден по вчерашниот, денеска повторно е регистриран пожар, овој пат во близина на „Макпетрол“, јави порталот VOX Struga.

Стружани со право реагираат на овие немили настани и со право бараат одговорност. Со официјално соопштение за последниот инцидент се огласија и од СВР Охрид.

– На 23-ти март 2022 година, во 17:30 часот во Полициската станица во Струга било пријавено дека покрај брегот на Охридското Езеро, на патот Струга-Калишта, настанал пожар на трска на брегот, на парцела сопственост на Република Македонија. Од екипа на Територјалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Струга, информираат од СВР Охрид.

По претходно добиена медиумска информација за опожарување на трските во Охридското Езеро во близина на струшкото село Калишта, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) спроведе вонреден инспекциски надзор и поднесе барање за покренување Кривична постапка до Јавно Обвинителство во Струга за сторено кривично дело: Загадување на животна средина и природата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива видео: VOX Struga

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука