Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична пријава за 39-годишно лице од Лескоец кај кого полицијата пронајде марихуана и растенија канабис сатива

Охрид, 24. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишниот М.Л. од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.

– При извршен пртрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и повеќе засадени растенија канабис сатива, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука