COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

281 нови случаи на Covid-19, 8 новозаболени, едно починато и едно оздравено лице од Охрид

Скопје, 24. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 2.275 тестирања, при што се регистрирани 281 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

• Скопје 169
• Битола 24
• Кавадарци 13
• Прилеп 11
• Куманово и Охрид по 8
• Кичево 6
• Струмица и Гевгелија по 5
• Тетово 4
• Велес, Гостивар, Кочани, Ресен и Делчево по 3
• Неготино, Виница и Богданци по 2
• Штип, Струга, Радовиш, Берово, Валандово, Демир Хисар и Македонска Каменица по 1

Од вкупниот број на позитивни (281), регистрирани се 48 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица (3), кај сите се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Битола (63 години), Охрид (85 години) и Крива Паланка (76 години). Сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 285 оздравени пациенти од:

• Скопје 152
• Прилеп 37
• Кавадарци 21
• Битола 16
• Куманово 14
• Гевгелија 7
• Ресен 6
• Велес 5
• Кичево и Гостивар по 4
• Тетово и Кочани по 3
• Штип и Берово по 2
• Охрид, Струмица, Неготино, Виница, Богданци, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Пехчево по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.946.588 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука