Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Руинираните јавни површини се враќаат во функција

Охрид, 25. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Јавните површини, кои подолг временски период беа руинирани и запуштени ќе се враќаат во функција, информираат од охридската локална самоуправа.

– Откако службите на Општина Охрид извршија увид и ја утврдија состојбата во која се наоѓаат, плоштадот кај „Мини маркет“, пешачките патеки канал „Студенчишта“-хотел „Парк“, Лабино-Канео, Лабино-Воска-Даљан, детските и повеќенаменските игралишта на цела територија од Општина Охрид, се пристапи кон изготвување на план и се утврди динамиката за нивна санација. Согласно изготвениот план и динамиката, зафатите за реконструкција ќе започнат од идната недела. Додека за оштетувањата на делови од коловозот и тротоарите кои беа настанати во изминатиот период на улиците кои беа реализирани пред околу една година, „15-ти Корпус“ и „Јане Сандански“, договорено е со изведувачот на градежните работи да се санираат сите овие пропусти во најкус можен рок и без дополнителен трошок за Локалната самоуправа, потенцираат од Општина Охрид.

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука