Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Два пожари во регионот на Струга: Над селото Присовјани и на излезот од градот

Струга, 28. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми март 2022 година, во 15:30 часот, во Полициската станица во Струга било пријавено дека настанал пожар над селото Присовјани, при што била зафатена сува трева, високостеблеста шума и куќа на лицето Ѓ.К.

– Повредени лица нема. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Струга, информираат од МВР.

Во друг случај, на 27-ми март 2022 година, во 16:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека настанал пожар на излез од Струга, при што била зафатена сува трева и две хаварисани возила во плац на автосервис.

– Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука