Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тешка сообраќајка на влез од Скопје кај „Сарај“, три лица пренесени во болница, повреден 51-годишен охриѓанец

Скопје/Охрид, 28. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, во 10:10 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Ѓорче Петров“ со улицата „Сарај“, во близина на мостот „Сарај“, се случила сообраќајна незгода во која се повредени три лица.

– Незгодата се случила помеѓу возило марка „Сеат“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал 52-годишниот И.Б. од скопското село Љубин и возило „Шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од страна на 51-годишниот Љ.С. од Охрид. Двајцата возачи и сопатничката, 46-годишната С.С. се здобиле со повреди и се пренесени на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје“, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука