ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

ЕКО ФАП во сабота организира акција за пролетно чистење во околината на Пештани

Охрид, 29. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од Здружението ЕКО ФАП од Охрид за викендов најавуваат акција за подигање на кабаст отпад во околината на Пештани.

– Акцијата ќе се спроведе во делот од Пештани викан „Краста“ бидејќи според информациите од терен, тој дел е најзапуштен и има премногу кабаст отпад. Затоа решивме во сабота во 09:00 часот да организираме акција за пролетно чистење на која сте сите добредојдени, порачуваат организаторите.

Охридското здружение ЕКО ФАП продолжува со редовните активности во насока на поубав и почист Охрид, за што од локалната заедница минатата година беа наградени со Светиклиментова Повелба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука