Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Од утре се отвора за сообраќај патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“

Охрид, 31. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од утре повторно ќе биде отворен за сообраќај Регионалниот пат Р-2332, на патниот правец Охрид-Ресен (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), кој води преку Националниот парк „Галичица“.

Патот беше затворен од 15-ти ноември минатата година. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони, во периодот за забраната за движење по овој пат, можеа да сообраќаат само до месноста „Kорита”. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука