Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 15. степени

Охрид, 31. март 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 15. степени.

– До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Денес на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час). Особено нестабилно ќе биде утре кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините во западните делови од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука